Ципрас со избори сака да ги дисциплинира потенцијалните бунтовници

од desk3
108 прегледи

 

На Премиерот Ципрас му се потребни нови партнери за широка владина коалиција. И не мора нужно да оди на нови избори, за да обезбеди такви партнери-пишува DW.

Tsipras_merkel_9c5992_ml
Нови парламентарни избори? Ова е последното нешто што и треба на Грција во моментов! Во исто време земјата не може да си го дозволи луксузот да има парламент без мнозинство, кој ја парализира Владата. За да не се дозволи тоа, може да се оди на нови избори, предупреди портпаролката на кабинетот.

Бидејќи преговорите за третиот помошен пакет завршуваат до 20-ти август, по што парламентот во Атина би требало да одобри постигнатиот договор. Односно, сегашната закана со предвремени избори има и уште една функција: да се дисциплинираат потенцијалните бунтовници.

Ако навистина се одржат такви избори, лидерот на “Сириза” – премиерот Ципрас – ќе може самостојно да ги состави кандидатските листи, а бунтовниците би ги изгубиле најплатените пратенички места. Независно од тоа, сепак Алексис Ципрас не смее да подлегнува на искушението да се стабилизира неговата партија токму со алатката на изборите кои ќе ја парализираат земјата со месеци, или инаку ќе му требаат нови партнери за владина коалиција на поширока основа. И не мора нужно да оди на нови избори, за да се најдат такви партнери. Колку порано се формира влада на национално согласност, толку подобро за Грција