3,3K
„Беше среќна случајност што имавме прогресивни влади во Северна Македонија и Грција. Ако не се случеше тоа, немаше да имаме договор“ рече поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас на Меѓународната конференција за мир и одржлив развој во Атина.
Тој додаде дека уште пред промената на власта во земјава, поранешниот грчки премиер Никос Коѕијас бил оптимист дека со Зоран Заев ќе може да се разговара.
„НАТО беше поттик за успех на договорот, но не беше главна причина. Договорот има бенефит за Грција, за Северна Македонија и за регионот. Ако беше само за НАТО, веројатно конзервативните влади ќе го решеа. Ние го направивме бидејќи веруваме дека е за добро на граѓаните“ рече Ципрас.