Грција нема да е во состојба да ги исполни следните недели исплатите на долговите, претежно спрема ММФ, ако Унијата не обезбеди краткорочна финансиска помош.
Тоа е напишано од премиерот Алексис Ципрас во писмо до германската канцеларка Ангела Меркел од 15 март, за кое сега информира “Фајненшл тајмс”. Објавувањето на писмото се совпаѓа со денешната средба меѓу Ципрас и Меркел, на која ќе се разговара за долгот на Грција, спроведувањето на реформите и односот на Атина кон доверителите.
Ципрас ја предупредува Меркел дека сегашната ситуација нагло ќе ja влоши социјалната состојба во Грција и ќе ја погоди особено пензиската сфера. Според неговите зборови, Атина ќе мора да избира помеѓу исплата на долговите и социјалните плаќања.
Под услов Грција да “нема пристап до пазарите на пари, поради ограничувањата на Европската централна банка сервисирање на обврските по долгот” едноставно ќе стане невозможно, пишува Ципрас. Слична перспектива е неприфатлива, додава грчкиот премиер.
“Со ова писмо ве повикувам да не се дозволите еден незначителен проблем со паричните текови и одредена институционална инертност да стане голем проблем за Грција и Европа”, напиша уште Алексис Ципрас до Ангела Меркел
