Тајните сепак  служби добиле пораки за подготвување  терористички акт и во Вашингтон

20151119.ejqzowkmvb

“Исламска држава” му се заканува на  Њујорк со терористички акти, јави  CNN, повикувајќи се на видео клип, за кој се претпоставува дека е направен од терористи.На кадрите се гледа маж со лице надвор од кадар  крие под јакната експлозивна направа.Според информациите на CNN, може да станува збор за самоубиец камиказа, кој има намера дасе саморзнесе  на  место полно си народ  на прометно место во Њујорк. Пред тоа американските тајни служби добиле пораки за подготвуван терористички акт во Вашингтон.

– Нема конкретна закана за Њујорк, охрабрува  градоначалникот Бил де Блазио. Тој ги повика жителите на градот да продолжат со нормалниот живот, но и да бидат претпазливи.

ISIS-video-makes-threat-against-New-York

Во видео пораката на ИД има кадри од Тајмс сквер и Хералд сквер, но и инсерти од Париз и на претседателот Оланд.

Де Блазио рече дека во Њујорк има 35 илјади полицајци кои не би дозволиле нови напади во Њујорк.

– Пред една недела почна со работа и Командата за брз одговор и таа постепено ќе се зголеми на 500 припадници чија одговорност ќе биде антитерористичка дејност, изјави Де Блазио. Новата единица ќе биде дополнение на 1000-та офицери кои веќе работат на антитерористичка програма

Слични содржини