Амбасадорот на Израел во САД Роберт Дармер ги повика властите во Вашингтон да ја преместат амбасадата на земјата во главниот град Ерусалим, соопшти телевизијата CNN.

Тој додаде дека ова би требало да се случи пред многу време.

Контроверзниот избор за нов амбасадор на САД во Израел, направен од новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, исто така ја поддржа идејата на Дармер.

Дејвид Фридман – идниот амбасадор на Вашингтон во Израел, изјави дека се надева дека ќе ја врши работата од американската амбасада во градот Ерусалим, кој тој го нарече “вечна престолнина на Израел”.

Слични содржини