ЦО на СДСМ ги поздрави успешните политики и го овласти раководството да го продолжи процесот за излез од политичката кризата
На денешната седница, Централниот одбор на СДСМ акламативно ги поздрави успешните политики на претседателот Зоран Заев и раководството на партијата.
Централниот одбор го поздрави фактот што двата клучни предуслови коишто ги постави СДСМ се исполнети: се спречи одржување на криминални избори на 5-ти јуни и аболицијата целосно се поништи.
Ова ќе беше невозможно без огромната упорност, храброст и решителност на илјадници граѓани коишто мирно и достоинствено протестираа на улиците ширум Македонија, за враќање на правдата, слободата и демократијата.
Централниот одбор на СДСМ го овласти Претседателот и раководството на партијата да го продолжи процесот за излез од политичката криза преку обезбедување и осигурување на владеењето на правото, законите да важат подеднакво за сите, како и исполнување на условите за одржување на регуларни, фер, демократски и кредибилни избори.Претходно Заев во интервју за локално.мк, изјави дека има план за излез и тоа повеќе варијанти А, Б и Ц… во ниедна варијанта нема откажување од борба до крај и избори на кои ќе бидат победени ВМРО ДПМНЕ и Груевски, само за тоа му е потребна поддршка од ЦО на партијата
Интервју со Заев: Според она што го има во бомбите, јас, Мијалков и Груевски знаеме дека актуелниот Иванов, тие, дел од градоначалниците не се легитимно избрани
“Се покажа дека никој не може да го сопре граѓанинот кој се одважи преку овие протести да покаже една нова вредност за свесност за општеството, за демократизација и сигурна иднина на Македонија. Нема отстапување од тој пат, одиме до крај”, вели Заев