COP29: Градовите во Кина и САД испуштаат најмногу стакленички гасови

од Vladimir Zorba
12 прегледи

Градовите во Азија и САД испуштаат најмногу гасови кои заробуваат топлина и ја менуваат климата, додека Шангај загадува убедливо најмногу, според новите податоци кои ги комбинираат набљудувањата и мерењата и вештачката интелигенција, базата на податоци „Climate Footprint“, претставена на Самитот на COP29 во Азербејџан, објави АП.

Според Climate Footprint, чиј ко-основач д поранешниот американски потпретседател Ал Гор и претставен на Самитот на ОН, седум држави или провинции испуштаат повеќе од една милијарда метрички тони стакленички гасови, сите во Кина, освен Тексас, кој е на шестото место.

Користејќи сателитски и копнени набљудувања, дополнети со вештачка интелигенција, „Climate Track“ дојде до податок дека вкупното загадување на Земјата со јаглерод диоксид и метан се зголемило за 0,7 отсто, на 61,2 милијарди метрички тони годишно, а загадувањето со метан за 0,2 проценти.

Набљудувањата покажаа дека многу големи градови испуштаат повеќе стакленички гасови од некои цели земји.

Со 256 милиони метрички тони стакленички гасови, Шангај е на прво место, а во однос на загадувањето ги надминува емисиите на загадување што се емитуваат од Колумбија или Норвешка.

Токио испуштил 250 милиони метрички тони стакленички гасови, додека Њујорк 160 милиони метрички тони.

Хјустон е четврти најзагаден град, со 150 милиони метрички тони, додека Сеул, главниот град на Јужна Кореја, е петти најзагаден град, со испуштени 142 милиони метрички тони стакленички гасови.

Кина, Индија, Иран, Индонезија и Русија имаа најголеми зголемувања на емисиите од 2022 до 2023 година, додека Венецуела, Јапонија, Германија, Обединетото Кралство и САД имаат најголемо намалување на загадувањето.

Ал Гор, ко-основачот на „Climate Track“, оцени дека тоа „претставува најголема закана за здравјето со која се соочува човештвото“.

Слични содржини