Corning развива Gorilla Glass за флексибилни паметни телефони

од Vlatko K
69 прегледи

Corning е популарно име во индустријата поради нивната иновативна Gorilla Glass. Нема да биде
претерано да се каже дека речиси секој нов паметен телефон од водечките производители користи
таква заштита. Така корисниците заштедуваат средства за поправка, ако го оштетат екранот, го
изгребат или случајно го испуштат од раце. Инженерите на Corning веќе работат на новата верзија
на Gorilla Glass, која е наменета за флексибилни паметни телефони кои ќе бидат водечки тренд во
2019 година.


Стаклото за кое станува збор се уште се тестира од Corning, но според информациите на CNet тоа е
дебело само еден милиметар. Најинтересно околу дизајнот на овој слој е тоа што може да се
преклопи половина како лист хартија со радиус од 5mm. За да се постигне овој ефект, потребна е
посебна технологија за производство, бидејќи стаклото е значително потенко од сегашните верзии
на Gorilla Glass во паметните телефони. Некои од прототипите за тестирање се со големина на
човечка коса.

Постојат неколку технички проблеми кои треба да се решат за да може финалната верзија на
производот да биде подготвена. Corning напорно работи на решенија за забрзување на овие
процеси. Сè уште не знаеме кога ќе биде премиерата на првото стакло на компанијата,
оптимизирано за флексибилни екрани. Првите два големи технолошки настани за годината CES
2019 и MWC 2019 ќе се одржат во почетокот на јануари и крајот на февруари. Ова е добра можност
да дознаете повеќе за плановите на Corning.