И покрај војната во Украина и раширената инфлација ширум светот, угледната швајцарска банка Credit Suisse предвидува дека бројот на милионери во светот значително ќе се зголеми во следните пет години.
Се проценува дека до 2026 година во светот ќе има 87,5 милиони луѓе кои ќе имаат нешто помалку од еден милион евра или еден милион долари на својата банкарска сметка, пренесува Yahoo Finance.
Во извештајот на швајцарската банка се наведува дека во 2021 година во светот имало 62,5 милиони милионери, со констатација дека бројот на милионери ќе продолжи да се зголемува, особено во растечките економии, а најмногу во Кина.
Најголем број милионери може да се очекува во САД со зголемување на бројот на милионери за нешто помалку од три милиони, со вкупен број од нив околу 27,5 милиони до 2026 година.
На второ и трето место се Кина и Јапонија со околу 4,8 милиони милионери, а потоа следуваат Велика Британија, Франција, Германија, Канада, Австралија, Италија и Јужна Кореја.
Извештајот на Credit Suisse проценува дека бројот на милионери во Индија, Хонг Конг и Африка ќе се удвои.
Швајцарската банка, исто така, предвиде дека до 2026 година, приватното богатство ќе се зголеми за повеќе од една третина, на околу 169 трилиони долари, што е приближно 155 трилиони евра.
„И покрај инфлацијата и руско-украинската војна, ние веруваме дека глобалното богатство ќе продолжи да расте“, се вели во извештајот на Credit Suisse, предвидувајќи дека вкупниот број на луѓе со имот поголем од 50 милиони долари, околу 46,1 милиони евра, ќе се зголемуи на околу 385 илјади.
Во првата половина од минатата година 500-те најбогати луѓе на Земјата изгубиле вкупно 1,4 трилиони долари. Причината за ова, како што се наведува, е што богатството на најбогатите луѓе во светот зависи пред се од движењето на цените на акциите, а поголемиот дел од оваа година беше проследен со пад на цените на хартиите од вредност и акциите поради страв од рецесија и инфлација.