Црна Гора ги прифаќа пасошите со Република Македонија

од Nikola Popovski
197 прегледи

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи информира дека Црна Гора ги признава старите валидни пасоши со името Република Македонија.

-Црна Гора имаше донесено одлика да не ги признае, но се видов со министерот за надворешни работи на земјата и се договоривме да го следи примерот на останатите земји од ЕУ или примерот на Швајцарија. Црна Гора не информира дека ќе ги признаат и прифаќаат со старото име доколку се валидни, кажа Османи на прес-конференција.

Според него, ако е потребно во процесот на издавање на документи ќе помогнат и вработени во МНР.

-Мора да се организираме. Ако можеме ние да помогнеме како МНР, со одлука на Влада, тука сме да помогнеме. И тоа го правиме. Ги реорганизиравме нашите ДКП-а, испративме дополнителни дипломати, испративме дополнително базни станици, направивме организирање на работата во две смени, работа за викенд. Мислам дека ова треба да ни биде фокусот да го зголемиме бројот на издадени пасоши, истакна Османи.

Досега официјално само Швајцарија со дипломатска нота информира дека ги признава патните испрати со старото уставно име. Во однос на земјите од ЕУ, секоја членка посебно си одлучува.

Слични содржини