Премиерот на Црна Гора, Милојко Спајиќ, најавил дека неговата земја ќе ја поддржи Резолуцијата за Сребреница пред Генералното собрание на Обединетите нации, но дека нема да биде нејзин коспонзор.
Германскиот експерт за Западен Балкан и проширување на НАТО, Милан Ниц вчера во Берлин се сретнал со Спајиќ и на својот профил на мрежата „Х“ напишал дека, меѓу другото го прашал за потенцијалното коспонзорство на Црна Гора на Резолуцијата на ОН за геноцидот во Сребреница, пренесува „Klix.ba“.
Спајиќ одговорил дека ќе ја поддржи резолуцијата, но дека нема да биде коспонзор.
❗️Full house for #Montenegro PM
I had a chance to ask him abt:
▪️🇲🇪 moving alone on 🇪🇺 accession vs ‘smaller group’ approach
▪️balancing on fragile parl majority vs sticking to principles
▪️his govt’s position on the proposed #UNGA resolution on #genocide in Srebrenica /1 https://t.co/RUhy9HTwnz
— Milan Nic (@MilanN_inBerlin) April 29, 2024
Прашањето за Резолуцијата за Сребреница, за која вчера се одржа панел-дискусија во седиштето на ОН, предизвика многу реакции во самата Црна Гора.
Меѓу реакциите било и писмото на поранешниот министер за надворешни работи на Црна Гора, Миодраг Влаховиќ, кој напишал дека „Резолуцијата на ОН за Сребреница е срам за црногорската влада“. Влаховиќ им се обратил на поранешниот премиер Здравко Кривокапиќ, како и на актуелниот премиер.
Мајките од Сребреница му се заблагодариле на црногорскиот премиер за поддршката.
Македонија е коспонзор, заедно со Германија, САД и други земји, на резолуцијата во ОН со која се предлага 11 јули да се прогласи за Меѓународен ден на сеќавање и комеморација на геноцидот во Сребреница во 1995 година и да се одбележува секоја година.