Црна Гора сама ќе донесе одлука дали ќе се приклучи на Отворен Балкан, вели Вучиќ

од Vladimir Zorba
168 прегледи

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека Црна Гора има суверено право да одлучи дали ќе стане дел од Отворен Балкан, но оти смета дека тоа би било добро за граѓаните на Црна Гора.

Во Италија, каде што посети саем на вино, Вучиќ за телевизија Хепи изјави дека му честитал на новоизбраниот претседател на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, но дека никогаш не разговарал со него и дека знаел дека во предизборната кампања зборувал позитивно за Отворен Балкан.

„Разговарав за тоа со Дритан Абазовиќ и тој недвосмислено ја изрази својата желба Црна Гора да се приклучи на иницијативата. Мислам дека тоа е добро и корисно за Црна Гора, но не очајуваме дури и да не го сторат тоа, нивно суверено право е да одлучуваат“, рече Вучиќ.

Тој посочи дека членовите на Отворен Балкан сами одлучуваат, дека се состануваат и со консензус одлучуваат што им го олеснува животот на граѓаните и дека никој не ги повикува и не наметнува решенија.

„Секогаш кога зборуваме за Отворен Балкан, се поставува политичкото прашање кој е таму, но никогаш што постигнуваме“, рече Вучиќ и рече дека движењето на стоки кон Северна Македонија и Албанија е драстично забрзано.

Вучиќ истакна дека е важно да се подобри довербата со Црна Гора и оти се надева оти соработката ќе биде главен мотив на меѓусебните односи.

Слични содржини