Реклама на прашок за перење предизвика корисниците на интернет да ја прогласат за најрасистички реклама креирана некогаш.
Заплетот е: црн маж, со валкана дрес, флертува со Кинескиња. Откако се приближува до неа, таа му става во устата течен детергент и го бута во машината. Таа седнува на машината за перење, за да го задржи црнец внатре. Откако програмата за перење завршува од машината излегува не црнец, туку Кинез.
По емитувањето на рекламата, илјадници Кинези и луѓе од целиот свет се вознемирија од расистичката смисла на рекламата.
Компанијата творец Куиаоби сеуште нема официјален коментар за случајот.
