Црниот биланс на конфликтот во Газа: Над 1.500 мртви, над 7.200 повредени, меѓу жртвите најмногу деца и медицински работници

од Nikola Popovski
222 прегледи

Бројот на Палестинците во појасот Газа и на Западниот Брег, кои загинаа од почетокот на конфликтот меѓу Хамас и Израел, се искачи на 1.569, додека 7.212 лица се повредени, соопшти Министерството за здравство на палестинските власти.

Во соопштението се прецизира дека од 7 октомври досега во Појасот Газа загинале 1.537 лица, а на Западниот Брег 32 лица, пренесува палестинската агенција „VAFA“.

Во израелските воздушни напади врз појасот Газа беа ранети 6.612 Палестинци, а на Западниот Брег повеќе од 600 лица, од кои 190 се хоспитализирани.

Министерството наведува дека меѓу жртвите, особено во Појасот Газа, најголем број се деца и медицински работници.

Освен тоа, „Times of Israel“ пренесува дека израелската армија објавила дека убила „околу 1.500 палестински терористи на израелска територија“.

Слични содржини