Црна Гора ќе испрати пешадиски вод со опрема во борбената група на НАТО во Бугарија, соопшти црногорското Министерство за одбрана.
– Најмногу 40 припадници на Армијата на Црна Гора, најверојатно до крајот на јануари, ќе бидат испратени во борбената група во Бугарија. Структурно е пешадиски вод засилен со потпорни елементи и за прв пат со оклопни возила. Тие ќе бидат под команда на НАТО командата за операции во Монс, објави тамошното Министерство за одбрана на Твитер.
– Нема да дозволиме да одат неподготвени. Најверојатно ќе се обучуваат на полигонот „Криволак“ во Северна Македонија, додека за другиот контингент се надевам дека ќе им биде овозможен полигон во нивната родна земја, Црна Гора, изјави бригадниот генерал Зоран Лазаревиќ во емисијата „Фокус“ на РТЦГ.