За помош на погодените од невремето во Тетовско досега се собрани 1.056.900 денари преку донаторските телефонски линии од трите оператори во Македонија, а на сметката на Фондот на солидарност на Црвениот крст на РМ се уплатени 81.350 денари, соопшти Црвениот крст и ги повика граѓаните и правните субјекти и понатаму да се солидаризираат во хуманитарната акција.
Во текот на денов Црвениот крст за настраданите во Тетово и околината ја заокружува првичната дистрибуција на хуманитарна помош.
– Како дополнителна помош за семејствата од село Шипковица се дистрибуираат ќебиња 200 парчиња, душеци 30 парчиња и 20 пакети облека, јакни 50 парчиња, фармерки 120 парчиња, 25 пара детски патики и 40 пара машки чевли, информира Црвениот крст на Република Македонија. /МИА
