Црвен крст: Се собираат податоците за сите настрадани, можеби денот ќе го завршиме со собрани 60 милиони денари

од Nikola Popovski
60 прегледи

Црвениот крст собра 54 милиони денари за семејствата на починатите и повредените во кочанската трагедија. Како што изјавија денеска од хуманитарната организација, ова е заслуга на сите граѓани и фирми за да ја покажат својата хуманост.

-Црвениот крст беше одреден како точка каде ќе се собираат средствата. Во она на дистрибуцијата споделуваме дека поминати 8, а акцијата трае шест дена. За да се префрлат финансиските средства на корисниците, потребно е трансакциска сметка и матичен број. Потребна е писмена изјава на лицето кое го дава податокот. Во тек се подготовките. Црвениот крст успеа да ги собере податоците за починатите. Се договоривме за лицата кои се лекуваат во странство, податоците да ги соберат заедничките служби на Владата. Остатокот ќе го добиеме во текот на денот, информира денеска Црвениот крст.

Се надеват дека сето тоа ќе успеат да го завршат денеска и утре и веднаш потоа пристапуваат кон исплатата на средствата.

-Непочитувањето на Законот за лични податоци е исто дело како и секое друго дело. Мораме да ги почитуваме законите. Ова мора да биде вака како што е регулирано согласно законите во државата. Се ууште е голем интересот за донација. Можеби ќе го завршиме денот со собрани 60 милиони денари. Во наредните два-три дена сите ќе ги добијат првични пари, а за остатокот имаме време после тоа да се договориме по која методологија и на кој начин. Одредени потешки случаи ќе добијат приоритет, кажаа од хуманитарната организација на прес-конференција.

Слични содржини