Црвениот крст изврши исплата на средства на семејствата на починатите и повредените лица

од Nikola Popovski
21 прегледи

Црвениот крст изврши исплата на средства на семејствата на починатите и повредените лица кои се лекуваат во странство од трагичната несреќа во Кочани. Со исплатата вкупно се опфатени 58 семејства од починатите лица вклучувајќи го и починатиот возач на Брзата помош во Кочани, и 91 семејство од повредените лица кои се хоспитализирани во болниците надвор од нашата држава.

За секое лице е исплатено 150.000,00 денари.

За две семејства од починатите лица и 24 семејства од повредените лица кои се лекуваат во странство се чекаат дополнителни податоци за да може да се изврши исплатата и за нив. Во тек е прибирање на податоци за повредените кои се лекуваат во државата.

-Заклучно со денешниот ден собрани се вкупно 61.852.758,00 денари, информираат од Црвениот крст.

Слични содржини