Процесот на интегрирање на земјите е недозволиво спор, со периоди на целосен застој и без било каков исчекор напред. Само погледнете Црна Гора ги започна преговорите пред 11 години, Србија пред 9 години – до каде е процесот на нивно интегрирање во ЕУ? Факт е дека двете држави се далеку од било какво завршување на преговорите и пристапување кон полноправно членство, рече поранешниот претседател Бранко Црвенковски на регионалната конференција ,,Интеграција на земјите од Западен Балкан во ЕУ – предизвици и перспективи“.
За Македонија, Црвенковски истакна дека пред цели 18 години го добивме кандидатскиот статус и се уште не сме ги почнале преговорите.
-Го сменивме уставното име и така проблем со Грција го надминавме преку болен начин. Ни беа давани ветувања дека со таква остапка ќе станеме дел од НАТО и дека ќе ги почнеме преговорите со ЕУ. Се појави нов билатерален спор со Бугарија и повторно околу прашање кое нема никаква допирна точка со копехашките критериуми. Ни се оспорува нашиот национален идентитет и историски континутитет. Во случајот на Македонија се направија сите преседани и се демонстрираше целосна непринципиелност од ЕУ во однос на почитувањето на основните вредности врз кои почива Унијата, истакна Црвенковски.
Поранешниот шеф на државата предложи земјите од Западен Балкан да побараат од Европската Унија постепена интеграција и пред полноправното членство.