Cу-30см против F-16: Кој ќе победи во небото?

од desk3
118 прегледи

“Нож во грбот” е премногу мека изјава на претседателот Владимир Путин како одговор на подмолниот удар на турскиот борбен авион F-16 во рускиот фронтовски бомбардер Су-24 во сириското небо. Рускиот авион во принцип не можел да се спротивстави на нападот на лесниот ловец со брзина, ракетно вооружување и радио-електронско лоцирање. Руските пилоти дури не го забележале нападот, а и воопшто не ја очекувале од страна на Турција – земја која по идеја е сојузник во антитерористичката коалиција и би требало да помага при координацијата на ударите по џихадистите, а не да пушта проектили во грбот.

avion

Во руската воздухопловна група во Сирија од 34 авиони само 4 се повеќенаменски борбени авиони Су-30см. Тие се користеа до скоро само за следење на руски стратегиски бомбардери, долитени од аеродроми во Русија за удари по позиции на ИД. И улогата на авионите беше повеќе во својство на коректори за бомбардерите бидејќи не постоеше закана од воздушен напад.

По нападот на турскиот F-16 стана јасно дека Русија нема сојузник во лицето на Турција и е неопходно е да се преземат сите мерки за заштита на својата авијација, извршување борбени задачи по позиции на ИД на териториите на Сирија.

1(26)
F-16

Ракетниот крстосувач “Москва” веќе се пренасочи за обезбедување на “чисто небо” во реонот на Латакија. Воздушно-ракетниот комплекс С-400 исто така е префрлен во Сирија.

Засега најмногу делотворно средство за гарантирање на безбедноста на руската авијација ќе останат авионите Су-30см. Тие ќе се стопат во сириското небо, и можат да ги направат на парчиња секакви странски авиони, вклучувајќи и турските F-16.

Ликвидиран лидер на опозиција во Венецуела пред изборите за Конгресот

Су-30см почна да постапува во руските воздухопловни сили во 2012 година и е единствен авион од таков тип. Тој може да ги исполни задачите на ловецц, на пресретнувач, авион за следење, да управува групни активности на авијацијата, да води разузнавање, да дејствува над море.

Бидејќи Су-30см е ловец со уникатни пилотажни карактеристики, неговата главна задача е освојување на доминацијата во воздухот.

Благодарение на употребата на мотори со отклонет вектор на потисок на универзалниот радар (радарите) со антена со фазна решетка и намалената видливост на авионот Су-30см може да се однесува кон авионите од четвртата генерација со два плуса (4 ++). Тој ги надминува сите показатели не само F-16 и новиот F-35, но е способен да излезе како еднаков против американската “петорка” F-22 Raptor.

Су-30см поседува многу заслуги, а е способен подеднакво ефикасно да нанесува удари по воздушни и земни цели, пред сè благодарение на радарите Н011 “Барс”. Во овој авион е положена пасивна антена со фазна решетка, при која скенирањето се случува не со помош на механичко преместување на антената, туку за сметка на отстапувања на зрак, односно поседува моментална брзина.

На авионот се користи најширокиот спектар не само на оружје, но и радарски средства, радија, државно мониторурање. Секоја цел се открива исклучително автономно со помош на системи однапред, односно се користи тактиката на “оддалечена борба”.

Истребувачот истовремено може да придружува до 15 приоритетни цели и има можност да стрела до 4 од нив. По точен алгоритам автоматски се извршуваат сите активности за препознавање на целта и изборот на оружјето, по што се истрелуваат ракети од средна (10-20 км) и или поголема далечина. Ракетите за блиска борба се користат на далечина до 10 км.

Досега истребувачот уште не се сретнал со авиони од НАТО, но неговата модификација Су-30МКИ (модернизиран, бродски, Индија) се состана во Индија во академска борба со американскиот F-16C уште пред 10 година. Американците придаваат големо значење на тој судир, бидејќи стануваше збор за договор на голема вредност. Благодарение на радарите “Барс” победа прославија индиските пилоти.

Поранешниот командант на Липецкиот центар за бојно користење на пилотите од ВВС генерал-мајор на авијација Александар Харчевски заработил над 50 наставни воздушни боја против американски пилоти на F-16 и тоа со Су-27, претходник на Су-30см.

Харчевски вели: “Нашиот авион овозможува во воздушната борба да се создаде ефект на неочекуваност за сметка на маневрирање и скриеноста. Ако се споредат летачките карактеристики на овие два авиона, тогаш нашиот Су решително се справува “Американецот”. Благодарение на употребата на мотори со наизменичен вектор на потисок тој е способен да извршува уникатни маневри. Најмногу ефектен од нив е т.н. “кобра на Пугачов” изведена за сметка на динамичното сопирање. “