До 18 часот денеска, на територијата на земјата се регистрирани вкупно 27 пожари на отворен простор, од кои активни се 6 пожари, 1 е под контрола и изгаснати 20 пожари, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).
🔥 АКТИВНИ: 6
1. Општина Македонски Брод 1: Повеќенаменското подрачје „Јасен“ (мешана шума)
2. Општина Македонски Брод 2: с. Девич – с. Грешница (ниска вегетација)
3. Општина Јегуновце: помеѓу селата Рогачево и Јажинце (пасишта)
4. Општина Брвеница: с. Челопек и с. Милетино (нискостеблеста шума)
5. Општина Кичево 1: с. Аранѓел (стрниште)
6. Општина Кичево 2: с. Мало Церско (ниска вегетација)
🟡 ПОД КОНТРОЛА: 1
1. Општина Струга: место викано „Октишка Краста“ (ниска вегетација)
✅ ИЗГАСНАТИ: 20
1. Општина Демир Хисар: с. Мало Илино (дабова шума)
2. Општина Струга 1: место викано „Бегова Шума“, с. Делогожда (ниска вегетација и мешана шума)
3. Општина Делчево: с. Очипала (ѓубриште и ниска вегетација)
4. Општина Куманово 1: ул. Ѓорче Петров (ѓубре)
5. Општина Куманово 2: с. Романовце (ниска вегетација)
6. Општина Куманово 3: кај месна индустрија „Никси“ (ниска вегетација)
7. Општина Куманово 4: нас. Карпош (ниска вегетација)
8. Општина Старо Нагоричане: с. Челопек (ниска вегетација и стрниште)
9. Општина Сарај 2: с. Радуша кон с. Дворце (ниска вегетација)
10. Општина Арачиново: с. Арачиново (ниска вегетација)
11. Општина Арачиново 2: с. Орланци (ѓубриште)
12. Општина Сопиште: с. Св. Петка (ниска вегетација)
13. Општина Шуто Оризари: ул. Брсјачка Буна (ѓубриште)
14. Општина Желино: с. Групчин (ниска вегетација)
15. Општина Тетово: с. Селце (ниска вегетација)
16. Општина Тетово 2: кај ресторан „Сирич“ (ѓубриште)
17. Општина Гостивар: с. Чегране (ниска вегетација)
18. Општина Прилеп: с. Дабница (ниска вегетација)
19. Општина Ресен: с. Дрмени (ниска вегетација)
20. Општина Чешиново – Облешево: с. Теранци (ниска вегетација)
ЦУК: Активни 6 пожари, 1 ставен под контрола – до 18 часот изгаснати 20 пожари на отворено
Уште не е совладан пожарот во резерватот „Јасен“
8