До 18.30 часот денеска, на територијата на земјава биле регистрирани вкупно 15 пожари на отворен простор. Од нив во 18.30 часот бил активен само еден пожар, под контрола биле три, а изгаснати биле 11 пожари, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК)
.
🔴 АКТИВНИ: 1
1. Општина Врапчиште: с. Тумчевиште (ниска вегетација и грмушки).
🟠 ПОД КОНТРОЛА: 3
1. Општина Македонски Брод: Повеќенаменско подрачје Јасен (мешана шума);
2. Општина Прилеп: с. Беловодица место викано Ливада и с. Лењиште (букова шума);
3. Општина Долнени: с. Стровија и с. Долгаец (мешана шума).
✅ ИЗГАСНАТИ: 11
1. Општина Сопиште: кај Брана Езеро Козјак (ниска вегетација и шума);
2. Општина Студеничани: с. Горно Количани и с. Драчевица планински врв Китка (мешана шума);
3. Општина Кичево: с. Душегубица (ниска вегетација и ниска шума);
4. Општина Охрид: с. Велгошти (ниска вегетација);
5. Општина Велес: с. Клуковец (ниска вегетација);
6. Општина Росоман: с. Дебреште (ниска вегетација);
7. Општина Кавадарци: с. Брушани (ниска вегетација);
8. Општина Демир Хисар: с. Кутретино (депонија);
9. Општина Битола: м.в. Тепсија (ниска вегетација);
10. Општина Брвеница: с. Милетино (ниска вегетација);
11. Општина Гостивар: во близина на Болница во Гостивар (ниска вегетација).
7