ЦУК добиле пријави за змии во Скопје и Прилеп

од Nikola Popovski
1,7K прегледи

Вкупно 1.833 повици се евидентирани на единствениот повикувачки број за итни случаи 112 за 24 часа. Од нив, „реални“ – 60,94 проценти, а 39,06 отсто за други потреби на граѓаните, што не биле итни. Кон полицијата биле упатени 63,96 проценти, кон Итната медицинска помош – 27,92 отсто, кон пожарникарите – 3,25 проценти, а кон АМСМ – 0,32 отсто од реалните повици, појаснуваат од ЦУК.

Осум пожари на отворено се регистрирани изминатото деноноќие. Пожарникарите интервенирале на гаснење запалена ниска вегетација, ѓубришта, депонии, трње и нискостеблеста шума и прнар, информираат утрово од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Со огнени јазици, пожарникари се справувале кај село Арачиново, тетовско Фалише, Раптани во велешкиот регион, покрај железничката линија Демир Капија – Гевгелија, крај патот – Прилеп кон Селце; кај работнички факултет „Пере Тошев“ на прилепска територија, кај валандовско Собри, како и во реон на гевгелиско Прдејци.

Од ЦУК ги потсетуваат граѓаните да бидат внимателни при појавата на змии во овој потопол период.

Вчера беше добиена пријава за змии (Општина Гази Баба) и веднаш на пријавителката и беше пренесено дека служби за фаќање на змии нема, но сепак и беа дадени информации дека и физички лица има на повик, кои се справуваат и заловуваат змии, истакнуваат од ЦУК.

Регионалниот ЦУК – Битола, известува дека преку Единствениот повикувачки број за итни повици 112, вчера, имало пријава за пронајдена змија на ул. „Мирче Ацев“ бр 9 во Прилеп, по што е интервенирано во 13.45 часот од страна на ТППЕ Прилеп со 3 пожарникари со 1 возило.

Змијата била безбедно уловена жива, па потоа транспортирана и пуштена во природа.

Слични содржини