ЦУК: Нестабилност со пороен дожд и грмежи подолго време се задржува околу Кавадарци, Неготинио и Демир Капија

од Vladimir Zorba
645 прегледи

Центарот за управување со кризи повикувајќи се на информации од Управата за хидрометеоролошки работи вечерва соопшти дека стационарна нестабилност со пороен дожд и грмежи подолго време се задржува во подрачјето околу Кавадарци, Неготино и Демир Капија.

Претходно УХМР соопшти дека во крајните јужни претежно планински подрачја и во подрачјето околу Демир Капија имаше локална појава на интензивен пороен дожд и грмежи.

До крајот на денот ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, а наместа процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд (поголема количина за кратко време), засилен ветер и изолирана појава на град.

Слични содржини