Центарот за управување со кризи (ЦУК) попладнево информира дека е отстранета опасноста која се закануваше со искривеното дрво во паркот „Жена борец“
При координацијата со ЦУК, по пријавата од граѓани за опасноста од наваленото суво дрво, одговорното лице од ЈП „Паркови и зеленило“ известило дека нивна екипа од Секторот дрвореди, веднаш ќе излезе на посочената локација во паркот ,,Жена – борец“ во Центар, Скопје, па ќе пристапи кон отстранување на опасноста од неговата природна склоност на паѓање, а со тоа и отстранување на можноста на загрозување на животот и здравјето на минувачите низ паркот.
Од ЦУК додаваат дека токму така беше и реализирано, речиси веднаш, конкретно до 12.30 часот денеска, во координација меѓу ЦУК, ЈП ,„Паркови и зеленило“ и граѓаните кои пријавуваат опасност во ЦУК.