ЦУК после синоќешното невреме: Поплави во Битола, Штип, Струмица, Тетово…

од Nikola Popovski
467 прегледи

Центарот за управување со кризи информираше за состојбата по невремето кое синоќа ја зафати територијата на Р.С.Македонија до 22:00 часот.

РЦУК – Штип, известува дека денес во периодот од 14:00 до 14:30 часот градот Штип го зафати пороен дожд проследен со силен ветер и грмотевици. Ваквата појава предизвика поплави на неколку места и објекти во градот кои се наоѓале во непосредна близина на коритото во долниот тек на река Отиња (на потегот од црква „Свети Никола“ до Ново Село). Кај истите од страна на ТППЕ Штип со 3 ПП возила, 8 пожарникари и специјална опрема е извршено испумпување на водата. Исто така како последица од поројниот дожд на неколку локации во градот имаше појава на наноси од земја, камења и песок. Од страна на екипи на ЈП Исар и ЈП Стипион се изврши нивно отстранување.

РЦУК – Велес, известува дека регионот што го покрива ПОРКОА РЦУК Велес не е зафатено со невреме и нема предизвикано штета, освен во Општина Лозово каде една коловозна лента на ул.Маршал Тито е покриена со песок.

РЦУК – Тетово, известува дека околу 19:30 часот Тетовскиот регион го зафати силно невреме проследено со пороен дожд и ветер. Имаше повеќе дојави за поплавени подруми на куќи во градот, а имаше и поголема поплава во селата Непроштено и Теарце каде од силниот дожд имаше наноси од кал и песок по улиците. За оваа ситуација известени се ЈКП-Тетово, ТППЕ-Тетово, лицето за контакт од Општина Тетово и Општина Теарце и Раководител на РЦУК-Тетово.

Најголеми штети се предизвикани во селата Теарце и Непроштено каде имаше поголем доток на вода од планината. Имаше наноси од кал и песок. Во Теарце на терен се ТППЕ Тетово со 2ПП возила и 4 пожарникари и еден приватен багер кој чисти од наносите по улиците. Од Општината се организираат и ќе излезат на терен. На терен се припадници на ДЗС и ЦУК. Еден багер има и во селото Непроштено кој расчистува кај Непроштенска река каде има исто така наноси од кал и песок и има поплавено и подруми во неколку куќи.

Низ градот Тетово од страна на ТППЕ Тетово со 2 ПП возила работаат на отстранување санирање на состојбата каде има потреба. Во моментов има дојава поплава и во село Требош (општина Желино). Известени се ЈКП-Тетово за настанатата сотојба во селото Требош. Во моментов дождот е престанат и состојбата полека се нормализира. Ситуацијата и понатаму се следи.

РЦУК – Битола, известува дека како резултат на невремето кое ја зафати територијата на општина Битола предизвикани се следните штети:
– Пријава на одрон на дел од пат Битола спрема Скопје на обиколницата после тунелот.
– Пријави за поплавени подрумски простории.
– Пријави за поплавена куќи

Во 18.00 часот во просториите на Општина Битола на барање на градоначалникот се одржа општински кризен штаб каде се донесоа заклучоци за брза интервенција во поплавените делови од градот. Ангажирани се екипи на ТППЕ Битола како и екипи од ЈП Нискоградба, ЈП Водовод и ЈП Комуналец.

РЦУК – Струмица, известува дека денес околу 15:30 часот, Општина Струмица беше зафатена со многу силни, поројни врнежи од дожд кои траеја околу 1 час и според УХМР наврнале 64 л/м². Од врнежите поплавени беа улиците во долниот дел од градот и тоа: Браќа Минкови, Ѓорги Василев, Иљо Шопов, Младинска, Климент Охридски и Ката Поцкова. Има повеќе од 60 пријави од граѓани до ТППЕ Струмица и бројот за итни повици 112 за поплавени подруми и приземни простории. Досега испумпана е водата од околу 50 објекти.

Екипите на ЈПКД- Комуналец Струмица и ТППЕ Струмица сеуште се на терен со сите расположливи сили и технички средства, и ќе постапуваат по пријавите од граѓаните за испумпување на водата од поплавените објекти, и расчистување на улиците од наноси на песок и кал.

РЦУК – Куманово, известува дека краткотрајниот пороен дожд што ја зафати на територијата на Општина Крива Паланка нема предизвикано проблеми во истата, освен во попладневните часови една интервенција ТППЕ Крива Паланка на паднато дрво од силен ветар и било препречено во река на ул. 8ми Октонври бр 69 . Интервенирано е во период од 17:54 до 19:00 часот и нема предизвикано материјална штета.

РЦУК – Скопје, известува дека во мометот западниот дел од Скопската котлина е зафатена со дожд и како резултат на поројниот дожд има пријава за поплавување на две куќи во с.Ласкарци. За настанатата состојба известени се БППЗ на Град Скопје и одговорно лице од ЕЛС Сарај за превземање на мерки во нивната надлежност.

Слични содржини