ЦУК: Се трага по давеник во Дојранското Езеро, бил качен на педелинка која се превртела

од Stefanija Kuzmanovska
480 прегледи

Регионалниот Центар за управување со кризи (ЦУК) Струмица информира за давеник во Дојранско Езеро, кој исчезнал во водата кон пладне. Лицето не е пронајдено и е непознато.

„Настанот се случил кога лицето било качено на педелинка што најверојатно се превртела, а лицето не знаело да плива. Засега, нема податок дали имал безбедносен елек. Телото се уште не е пронајдено заради тоа што во езерото има многу трски, алги, а и слаба е видливоста – до еден метар длабочина. Местото на настанот било блиску до брегот и било обезбедено од припадници на МВР, кои ги известиле сите институции и побарале помош од специјалните нуркачки единици од МВР Тигри за да се спроведе акцијата за пронаогање на телото“, информираа од ЦУК.

Додаваат дека на лице место се ТППЕ и СВР Гевгелија.

Слични содржини