ЦУК се вклучува во проблемот со уличните кучиња: „Безбедноста на граѓаните на прво место“

од Nikola Popovski
167 прегледи

Во последно време имаме благ тренд на зголемување на нападите на уличните кучиња. Се работи за комплексен проблем и бара решение. Вкупно 3660 напади од кучиња за три години. Од овие, 498 се деца. Состојбата е алармантна, рече првиот човек на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов на прес-конференција.

Тој информира дека е потребна заедничка акција на сите инволвирани институции.

-Безбедноста на граѓаните на прво место. Се работи за проблем и ЦУК е тука да помогне да се надмине проблемот. Првата солуција е сите агресивни кучиња да бидат тргнати од улица и да се изврши еутаназија. Вториот стратешки момент на кој што треба да работиме е масовна стерилизација на уличните кучиња. Третата солуција е предлог од институциите за доброволна стерилизација на домашните кучиња, но само од сопствениците кои што би сакале, со субвенции од државата. Воедно ќе побараме и засилена контрола од МВР, бидејќи имаме информации дека од одредени општини се носат кучиња во градот Скопје. Апелираме локалната самоуправа да се погрижат за овој проблем и да не го префрлуваат во туѓ двор. Ги повикувам сите засегнати граѓани да го пријават нападот на бројот 112 и од страна на МВР ќе биде преземени сите мерки и со тоа ќе воспоставиме контрола врз бројот на напади на територијата на целата држава, рече Ангелов на прес-конференција.

Слични содржини