Четири лица се пожалиле на повреди откако лифт паднал во зграда во Кисела Вода.
Од ЦУК информираат дека лифтот паднал од над вториот кат во подрум. Во него била екипата на Итната медицинска помош и уште едно лице на чиј повик тие одговарале. Итната помош била повикана на констатација на смрт на шестиот кат во зградата. Во моментот на падот, во лифтот немало пациент, велат од Центарот за управување со кризи иако претходно информираа дека покрај медицинарите во лифтот имало и пациент.
-Лифтот паднал најмалку од приземје во подрум. Во него имало екипа на Итната медицинска помош. Екипата се движела од приземје кон шести кат, но кога дошле малку над вториот кат лифтот забрзано се спуштил или паднал во подрум. Најмалку четири лица биле во лифтот во моментот на падот. Три лица се жалат на повреди. Во лифтот немало пациент, а екипата била на констатирање на смрт, објаснуваат од ЦУК.
Според информациите, инцидентот се случил во зграда на улицата „Христо Тататрчев“.