ЦУК: Вработени во ЈП „Македонски Шуми Бабуна – Велес“ не гаснат пожар оти не биле осигурани и немале гориво за возилата

од Nikola Popovski
62 прегледи

Во моментов има два активни пожари на територијата на Општина Велес, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Првиот е активен од 09.07.2024 од 16.30 часот помеѓу селата Отиштино и Оризари каде гори сува трева и трње на голема површина. Таму во моментов гаснат 4 пожарникари со едно противпожарно возило.

Вториот пожар е активен од 10.07.2024 од 01.15 часот и е помеѓу селата Караслари и Црквино – над месноста викана Венуле. На овој пожар покрај сува трева гори и шума. На лице место гаснат 4 пожарникари со 1 ПП возило од ТППЕ Велес.

-Исто така за овој пожар се известени ЈП Македонски Шуми ШС Бабуна – Велес, но бидејќи вработените не биле осигурани, немале гориво за возилата, истите не биле исправни и регистрирани возила тие не излегуваат на терен да го гаснат пожарот. Запознаена е Дирекцијата за заштита и спасување, појаснуваат од ЦУК.

Побарана е и воздушна подршка од страна на градоначалникот на Општина Велес, за која во координација со Хеликоптерската единица во МВР поради извршување на оперативни задачи за потребите на МВР ќе се процесуира после 12.30 часот, веднаш кога ќе се ослободат хеликоптерите.

Слични содржини