Цукерберг ќе гради град само за вработените на Фејсбук

од Vladimir Zorba
89 прегледи

На брегот на Сан Франциско ќе никне нов град со името “Zee town”, во кој ќе живеат само вработените во социјалната мрежа Фејсбук.zuckerberg_2432876b

Земјата, на која ќе се протега градот, е со површина од околу 80 хектари и се проценува на околу 400 милиони долари. Архитектот Френк Гери го изработил проектот на градот, вклучувајќи куќи, хотели, супермаркети, трговски центри во вредност од милијарди долари.

Градот на Цукерберг треба да стане дом на 10 000 вработени на социјалната мрежа.