Цукерберг: Не очекувајте Фејсбук автомобил

од Vladimir Zorba
90 прегледи
За време на СМК 2015 во Барселона, извршниот директор на Фејсбук, Марк Цукерберг учествува во специјална сесија на прашања и одговори, во која тој одговараше на прашања од посетителите.Main-Image
Уште првото прашање кое Цукерберг го доби, беше поврзано со тоа дали неговата компанија работи на други технологии за начинот на кој Гугл го прави тоа со своите автономни автомобили и Епл со својот мистериозен авто проект.
– Главниот фокус на Фејсбук е да биде компанија која ги поврзува луѓето. Не очекувајте да направиме Фејсбук автомобил, недвосмислено одговара Цукерберг.
Понатаму, Марк вети дека Фејсбук ќе прави повеќе за онлајн безбедноста на жените, кои често се соочуваат со проблеми и навреди на социјалната мрежа. Тој даде пример за Индија, каде тоа за жал е честа појава и појасни дека тоа е културен проблем, но и покрај сé, мерки можат да се преземат.
– Кога работите во различни земји, неминовно треба да се сообразуваме со нивните закони. Се обидуваме да бидеме независни и да одбиваме надворешен притисок како што се барања за информации и отстранување на содржини, но на крајот треба да ги почитуваме нивните закони, ако сакаме да работиме таму, прокоментира Цукерберг за слободата на говорот во најголемата социјална мрежа во светот.