Cupra најавува физичка верзија на концептот DarkRebel

од Vladimir Zorba
195 прегледи

Брендот Cupra го покажа електричниот концепт DarkRebel претходно оваа година, но само во дигитална форма. Сега Cupra е подготвена да направи скок од дигиталниот во реалниот свет, бидејќи планира физичка верзија на овој концепт што ќе се заснова на предлози од неговите фанови.

Во почетокот, DarkRebel постоеше само во онлајн конфигуратор, каде што луѓето можеа да го прилагодат автомобилот. Cupra вели дека концептниот автомобил е конфигуриран повеќе од 270.000 пати.

„Cupra DarkRebel е најновата провокација на брендот, создадена без границите на реалниот свет. Овој ревијален автомобил е создаден за следната генерација, тој е бунтовник со цел, покажувајќи дека електричните автомобили можат да бидат секси, емотивни и шокантни“, изјави Вејн Грифитс, извршен директор на Cupra. „Верувам дека Купра е чиста опсесија. Тоа е бренд направен од луѓе кои се фасцинирани од она што го работат. DarkRebel е доказ за оваа страст доведена до крај“.

Од Cupra велат дека најмногу конфигурации направиле луѓе од Шпанија и Германија, но меѓу првите 10 учесници имало и Мексиканци и Турци. 74 отсто од корисниците го конфигурирале автомобилот од своите мобилни уреди, што според брендот е доказ дека го привлекло вниманието на младите луѓе. Како и да е, ќе треба да почекаме малку пред да дознаеме каква е визијата на овие млади луѓе за возилото. Cupra допрва треба да открие кога ќе дебитира физичката верзија на концептот DarkRebel.

Според најавите, DarkRebel ја носи ДНК-та на Cupra до максимум без никакви ограничувања. Тоа не е предвидување, туку провокација, покажувајќи дека дизајнот е дијалог, а не процес.

Cupra DarkRebel е дефиниран со остри линии и атлетски пропорции на спортски автомобил во комбинација со shooting brake архитектура.

Автомобилот има радикална и поостра предна страна од кога било. Долгата хауба има форма на стрелка која обезбедува максимално чувство за брзина, додека кабината е турната назад за да создаде атрактивни пропорции.

Триаголниот светлосен потпис, икона на марката, доаѓа со нов пристап што произлегува од каросеријата, оживувајќи го автомобилот, додека централниот ‘рбет ги поврзува предниот и задниот дел како скелетно јадро на овој целосно електричен спортски автомобил.

DarkRebel е автомобил ориентиран кон возачот, со радикална внатрешност која еволуира со асиметричен централен ‘рбет како структурно јадро на автомобилот, со прогресивни седишта и прогресивен волан и менувач кои ги поврзуваат човекот и машината во едно.

Слични содржини