Цвета Ристовска нов заменик претседател на ДКСК

Заменик претседателот на ДКСК се избира по принципот на ротација по азбучен ред на период од шест месеци

од Vladimir Zorba
35 прегледи

Државната комисија за спречување на корупцијата на 21. седница ја избра Цвета Ристовска за заменик претседател. Ристовска ја презема функцијата од Билјана Каракашова Шулев на 21 август и ќе има мандат од шест месеци.

Заменик претседателот на ДКСК се избира по принципот на ротација по азбучен ред на период од шест месеци.

ДКСК е без претседател откако сега веќе поранешната претседателка Татјана Димитровска поднесе оставка по обвинувањата на Обвинителството за гонење организиран криминал и обвиненијата за две кривични дела и тоа за оддавање службена тајна на поранешниот директор на ТЕЦ Неготино Небојша Стојановиќ, обвинет во „Адитив“, и за компјутерски фалсификат затоа што ревизор од ДЗР во нејзино име и го положил тестот за сертификат за државна тајна.