Цвијановиќ: Економската соработка може да ги подобри политичките односи во регионот

од Vladimir Zorba
175 прегледи

Српската членка и претседавач со Претседателството на БиХ, Жељка Цвијановиќ денеска изјави дека економијата и економската соработка можат да бидат рецепт за смирување на политичките односи меѓу земјите од регионот.

Цвијановиќ во интервју за „Срна“ истакна дека економската соработка е добра основа за подобри односи во регионот, иако, како што истакна, оваа соработка не може да ги отстрани политичките недоразбирања за одредени клучни, важни, па дури и болни прашања.

Таа изјави дека сите регионални иницијативи, како што е „Отворен Балкан“, се насочени кон тоа земјите од регионот да имаат добра инфраструктура, економијата да обезбедува непречена комуникација и потоа да се гради и развива економската соработка.

Слични содржини