Д-р Андоновски: Ние сме изморени од борбата со Ковид 19, но имаме голем ентузијазам

од Берта Китинска
378 прегледи

Само деца со температура, респираторен проблем ќе бидат хоспитализирани до утврдување дали се или не се носители на КОВИД-19. Доколу тестирањето утврди дека дететето е со КОВИД-19 тоа останува да биде пациент на болницата и доколку има потреба за лекување се испраќа во Клиничкиот центар, изјави за „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ д-р Ангелчо Андоновски, директор на Детската болница Козле.

-Кога станува збор за персонал – верувајте дека ова е заедничка битка, битка на нашиот народ, битка на свеста, битка на еден културолошки момент – мора се ова да го разбереме што побрзо, за да можеме да дојдеме до победата. Кај нас персоналот е веќе посточеки. Секако дека ќе ни фали оној средно-медицински персонал – сестрите, но секако дека организацијата е најважен фактор во ситуацијава. Ние сме засилени со тимнови од лекари кои работат со возразните пациенти. Со педиатриските случаи имаме над 40 лекари педијатри. Од Инфективна клиника имаме засилување со четири професори, вели д-р Андоновски.

Тој истакна дека за поздрав е посетата на високи претставници на СЗО, кои што се воодушевени од сите мерки кои до сега ги презема Комисијата за заразни заболувања и здравствените власти.

-До сега во една мала држава како што сме ние, сето она правилно менаџирање на целава ситуација не доведе до тектонски поместувања и нарашувања на здравствениот систем. Ние сме изморени, но сме со голем ентузијазам затоа што само ние сме. Ние се ќе направиме и ќе работиме за нашиот народ. Ја почитуваме и сме ја дале Хипократовата заклетва за да може да помагаме и така ќе продолжиме. Нашиот начин на добро менаџирање на персоналот допринесе да не направиме burn out синдром, изјави д-р Андоновски.

 

 

 

Слични содржини