Докторот на медицински науки, и актуелен Раководител на амбулантско-поликлиничка дејност на Клиниката за токсикологија Нико Беќаровски, го осуди насилството врз неговиот колега.
-Попладнево повторно ФИЗИЧКИ нападнат и ПОВРЕДЕН доктор на своето работно место.Дали покрај маските, везирот, ракавиците, ќе мора да носиме и нунчаки за самоодбрана???Док Холидеј бил во право што стетоскопот, го заменил со револвер, пишува на својот Фејсбук, Беќаровски.
Од полицијата соопштја дека е приведен триесет и двегодишниот С.И. од Скопје поради напад врз лекар од Клиниката за токсикологија. Против него Министерството за внатрешни работи ќе поднесе соодветна пријава. Напаѓачот вчера го однел своето малолетно дете на Клиниката за токсикологија а откако дежурниот лекар му рекол дека детето треба да се однесе на педијатрија, таткото го нападнал лекарот и му нанел расекотини и хематом на главата.Лекарот бил прегледан во Ургентиот центар, а потоа бил пуштен на домашно лекување.