Д-р Беќаровски: Новата мутација на ковид 19 може во исто време да зарази поголем број на население

од Берта Китинска
215 прегледи

Последната мутација на ковид 19  има многу поголема контагиозност односно  може во исто време да зарази поголем број на население. Се надевам дека процентите нема да се остварат, бидејќи уште еден нов бран навистина би бил премногу, изјави во Утрински брифинг проф. д-р Нико Беќаровски.

-Секој вирус има тенденција да мутира. Грипот секоја година има разични мутации и не е нешто невообичаено или неочекувано. Оваа мутација не е останата само на британско тло. Има докажани случаи и во Холандија. Голем дел од нашите иселеници доаѓаат во земјава за претстојните празници, значи прашање на ден е кога оваа мутација ќе стаса и кај нас, смета Беќаровски и додава дека мора да се размислува или за воведување на ПЦР тест или пак пет до десет дневен карантин на сите што доаѓаат, вели Беќаровски.

Слични содржини