Д-р Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија, ја дава својаta прогноза за што ќе се случи со ковид-билансот во текот на месец август.
-По пеколната недела со високи температури во Македонија, која ќе трае до 9 август со температури до 44°С, од 10-ти август се очекува пад на температурите, но неконтролиран раст на Ковид-19 статистиката, смета Беќаровски.
Тој ги повикува здравствените работници и соработници, да ги искористат следниве 10 дена да се разладат во солена/слатка/кисела вода, а потоа „повторно ќе пливаме во сопствената пот, под скафандерите и маските“.
-Ако е за утеха, потењето е најдобар дополнителен начин за детоксикација на организмот, истакнува Беќаровски.
Во последните 24 часа имаше зголемување на бројот на заразени во земјава, со 81 ковид-случај и без починати пациенти.