Јас уште на 2 јули апелирав да се воведе барем при влез во државата, посебно за иселениците кои се враќаат, еден ПЦР тест или доказ за вакцинација. Како што видовме во изминатиот период, токму тие беа основните места од каде што оваа епидемија потоа се пренесе, изјави д-р Нико Беќеровски во интервју за ТВ 24.
– Во еден момент имавме по четири, пет случаи на дневна основа. И, што беше уште поважно, кај нас не беше влезен делта-сојот, а сега тој е тука кај нас. Мерките би биле резонски ако треба допрво да не дојдат нови соеви плус, но сојот е веќе тука. Во светот не циркулира некој нов сој којшто би ни предизвикал опасност во догледно време. Тој што е доминантен сој веќе се шири низ Македонија.Бројките не се само во Тетово. Јас доаѓам од дежурство, вчера бев дежурен. Од пациентиве кои пројдоа, 70 проценти беа позитивни. Дел од нив, кога ќе им се спомне тест – бегаат. Едноставно, знаат дека се позитивни и бегаат, бараат да бидат прегледани на друго место. Во аптеките веќе нема брзи тестови, се тестираат дома и тие резултати никаде не се евидентираат. Ако денес имаме 1000, реалниот број е четири до пет пати поголем од тоа, вели д-р Беќаровски.