Д-р Беќаровски: Постои само еден лек за да не развиете долгорочен пост ковид-синдром

од Nikola Popovski
282 прегледи

Докторот и член на Комисијата за заразни болести, Нико Беќаровски информира дека околу 10-20% од заболените со Ковид-19 развиваат среднорочно или долгорочно пост ковид-синдром со различна симптоматологија и тежина. Според него, дел од манифестациите на овој синдром се отежнато дишење, малаксалост, ооспаност, срцева слабост, ороблеми со меморија, паѓање на косата, влошување на дијабетот ….

-Тежината и должината на овој синдром, не е секогаш пропорционална со тежината со која сте го прележале ковидот. Овој синдром скоро исклучиво се јавува кај прележаните +40 години. ЗА СИГУРНА ПРЕВЕНЦИЈА ОД ПОСТКОВИД СИНДРОМ ПОСТОИ САМО ЕДЕН 100% ЛЕК, а тоа е да не се заразите, потенцира д-р Беќаровски, додавајќи дека секој ден се поголем број на вакви пациенти бараат помош по клиниките.

Слични содржини