Д-р Беќаровски: Сите прележани од корона би требало да добиваат ковид-пасош, кој би се обновувал на секои три месеци

од Nikola Popovski

Д-р Нико Беќаровски од Клиниката за Токсикологија даде свое лично мислење по најновите предлог мерки за заштита од Ковид-19. Според него, вистински прележаните болни од Ковид-19 се драстично обесправени со новите антиковид мерки, а ставањето на вистински прележаните болни во иста група со невакцинираните непрележани граѓани е медицински неоправдано.

-Во лифт се осеќам побезбедно кога се возам со вистински прележан болен од Ковид-19 во последните 6 месеци, отколку со комплетно вакциниран од пред шест месеци. Сите прележани од Ковид-19 со релевантен тест за антитела би требало да добиваат ковид пасош, кој би се обновувал на секои три месеци, ако нивото на антитела е задоволително (вредноста би ја одредиле нашите имунолози), вели Беќаровски и додава дека кај сите постари лица од 50 години, кои во меѓувреме не заболеле од Ковид-19, како и кај сите заболени од имунокомпромитирачки болести давањето на бустер доза е медицински оправдано.

Според него, вакцинацијата на комплетно здрави малолетни лица нема реална медицинска индикација, а кај лица од 18-30 години е пожелна, но не и неопходна.

Тој упати апел декаа масовната вакцинација се уште е најдобар и единствен начин за сузбивање на пандемијата, иако не ги исполни сите очекувања и дека вакцините се најголемото достигнување во современата медицина во последните 150 години.

Слични содржини