Д-р Беќаровски: Сите Вие кои со едно исто лажиче се причестивте, го обесчестивте трудот на белите мантили

од Берта Китинска
975 прегледи

Сите Вие кои вчера со едно исто лажиче по храмовите се причестивте, десетмесечниот деноноќен труд на белите мантили го обесчестивте, напиша на својот Фејсбук профил доктор Нико Беќаровски од Универзитетската клиника за токсикологија, по вчерашното пречестување од иста лажичка во Соборниот храм.

-Кога на 19 јануари ќе Ви требаат белите мантили, а не црните мантии, ние ќе се “бањаме” за да симнеме дел од потта под скафандерите и талкот под ноктите.П.С. Отворете ги кафеаните, таму барем даваат едно лажиче за еден гостин, напиша Беќаровски.

Слични содржини