Д-р Беќаровски со предлог: Укинете ја партиципацијата за сите вакцинирани!

од Берта Китинска
377 прегледи

Доктор Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија, преку фејсбук статус, се обрати кон своите колеги од Комисијата за заразни болести.

-Ако навистина сакате да стимулирате вакцинација, место понижувачката парична стимулација за матичните лекари, УКИНЕТЕ ЈА ПАРТИЦИПАЦИЈАТА ЗА СИТЕ МЕДИЦИНСКИ УСЛУГИ во 2022 година на СИТЕ ВАКЦИНИРАНИ. (слично како што е за крводарителите), предлага тој.

Тој ги предлага следниве мерки:

-Ако сакате да се намали антиваксерското расположение издвојте ги вистински прележаните од групата на невакцинирани, барем 120 дена по прележувањето.

-Воведете го позитивниот резултат од тестот (не постар од месец дена) на антитела, како валиден доказ за влез во сите места каде се бара вакцинален сертификат, по 120 дена од прележувањето.

-Предложете висока парична казна или затворска казна за секој кој ќе биде фатен со фалсификуван сертификат.

-Вратете го задолжителното мерење на телесна температура при влегување на работа и во сите јавни затворени објекти, вели д-р Беќаровски.

Слични содржини