Д-р Беќаровски советува: Со овие природни производи може да се избегне згрутчувањето на крвта

од Берта Китинска
349 прегледи

Професорот Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија на својот Фејсбук профил даде неколку предлози за природни прехрамбени производи кои имаат антикоагулантни својства и чиј зголемен внес во секојдневната исхрана може да даде позитивен антикоагулантен ефект.

„Последниве денови кутија со ампули ‘Clexane‘ или таблети ‘Xarelto‘ станаа вистинско богатство и реткост. Стравот од згрутчувањето на крвта, како најопасна компликација од ковид-19 ги испразни рафтовите во аптеките и во болниците. Да биде проблемот уште поголем, слична е ситуацијата и во сите соседни држави. Затоа, ако нема со што да се лечи, тогаш мора на некој начин оваа појава да се спречи.

Еве неколку прехрамбени производи чиј зголемен внес може да даде позитивен антикоагулантен ефект. Тоа се куркума, ѓумбир, цимет, витамин Е, 150 милилитри црвено вино, лук, гинко билоба, внес на 2 литра вода, цитрусни овошја, непечени семки од сончоглед и туна. Истовремено максимално избегнувајте ги следните прехрамбени производи кои имаат прокоагулантно дејство: јајца, мајонез, пржено јагнешко и свинско месо, сувомеснати производи.

Сите мажи над 40 и жени над 45-50 години, додава тој, ако немаат контраиндикации или некое хематолошко заболување, би било препорачливо покрај правилната исхрана до крајот на пандемијата, секојдневно да консумираат 67.5 до 100 милиграми ацетилсалицилна киселина“, напиша Беќаровски.

 

Слични содржини