Д-р Беќаровски за цената на тестовите: Голем дел од населението не може да си дозволи да се тестира на секоја кашлица

од Nikola Popovski
262 прегледи

Нездравиот живот на младите си носи свој ризик. Ние имаме екстремно дебели нови генерации со зголемена телесна тежина, вели д-р Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија за емисијата „Само вистина“.

Според него, улога во големата смртност има и загадениот воздух.

-Сето тоа предизвикува респираторниот систем да биде изложен на отрови, посочува Беќаровски.

Докторот укажува дека голем дел од населението не може да си дозволи да се тестира на секоја кашлица, поради плаќањето на ПЦР тестовите.

-Јавното здравство не може да испорача доволно тестови за граѓаните. Тоа што за 30 години ни се случи здравството да биде во втор или трет план, сега ни се враќа. Според мене, секој здравствен дом треба да тестира 24 часа во неделата. Вака целиот наплив на градот доаѓа во Клиниките, поточно Токсикологија, смета Беќаровски.

Слични содржини