Д-р Даниловски: Историјата нè потсетува дека неконтролираното ширење на глодари може да има катастрофални последици

„Познато е дека стаорците се размножуваат според експоненцијална прогресија: во период од само 18 месеци еден пар може да даде повеќе од еден милион потомци. Тоа е биолошки факт. Експоненцијалниот модел претпоставува неограничени ресурси како храна, вода и простор. Таа претпоставка во Скопје е исполнета!

од Vladimir Zorba
17 прегледи Фото: Фејсбук/Принтскрин/ТВ Сител

„Купиштата ѓубре создадоа идеални услови за развој и размножување на глувци и стаорци – познати преносители на сериозни заразни болести: лептоспироза, хантавирус, па дури и бубонска чума. Тие болести се пренесуваат преку урината, изметот, плунката и болвите на глодарите“, сподели на својот Фејсбук профил д-р Драган Даниловски.

„Познато е дека стаорците се размножуваат според експоненцијална прогресија: во период од само 18 месеци еден пар може да даде повеќе од еден милион потомци. Тоа е биолошки факт. Експоненцијалниот модел претпоставува неограничени ресурси како храна, вода и простор. Таа претпоставка во Скопје е исполнета!

Прашањето што се поставува е:Колку ли се накотени досега, кога условите се оптимални, а сметот се натрупува со месеци (и години)?
Епидемиолошките ризици во вакви услови се реални и растат експоненцијално. Историјата нè потсетува дека неконтролираното ширење на глодари може да има катастрофални последици“, порача тој преку својот Фејсбук профил.