Д-р Даниловски ја нападна Комисијата за заразни болести, се чуди зошто не го набавиле лекот Паксловид

од Nikola Popovski
409 прегледи

Докторот и епидемиолог Драган Даниловски реагираше остро на фактот дека Комисијата за заразни болести се уште го нема обезбедено лекот против Ковид-19, Паксловид.

-Сте чуле ли дека со зголемување на бројот на позитивни случаи, пропорционално расте и веројатноста да се зголеми бројот на случаи со тешка клиничка слика кои бараат хоспитализација, како и бројот на умрени? Сте чуле ли дека Паксловид се дава кај ризични пациенти со лесна и средна клиничка слика во првите пет дена од почетокот на симптомите, токму за да се спречи да не добијат тешка клиничка слика и да не завршат во болница или на гробишта?, пишува меѓу другото Даниловски во својата објава.

Докторот исто така го постави прашањето кои ќе бидат критериумите за донесување одлука за набавка, односно дали тоа ќе биде бројот на потврдени случаи на КОВИД-19, бројот на хоспитализирани или бројот на смртни случаи.

 

Слични содржини