Д-р Даниловски: Мит е да мислите дека ако пиете топол чај, ќе го убиете вирусот

од Берта Китинска
212 прегледи

Кога ќе се воспостави инфекција, кога ќе се оствари контакт со вирусот, тој навлегува низ респираторната слузокожа на носот и во ждрелото и се врзува со т.н. АЦЕ2 рецептори (тоа се ензими кои ги има во клетките во носот и во ждрелото и во белите дробови, бубрезите и цревата и во срцето). Вирусот влегува во носот или во ждрелото, а може да влезе и во очната слузокожа, за Мета објаснува епидемиологот проф. д-р Драган Даниловски.

Тој објаснува  дека нема сила која може да го извлече вирусот од внатрешноста на клетките во кои тој пенетрирал, и се врзал за тие рецептори.

-Ништо живо оттаму не го трга. Тој се спушта надолу низ респираторниот систем и размножувајќи се, освојува сѐ повеќе клетки. Сето ова се случува во периодот на инкубацијата.Ако е инкубацијата пократка, толку поголема количина вируси навлегле на самиот почеток кога се случила инфекцијата. Во зависност од тоа колкава колична вируси влегле во почетокот, толкав е и нивниот напредок надолу кон долните дишни патишта преку душникот, сε додека не дојдат до алвеолите во белите дробови (и не само таму туку и во бубрезите, срцето, цревата). Сепак, доминантен орган каде има најмногу АЦЕ2 рецептори се белите дробови, таму најмногу вируси се собираат и затоа манифестациите се белодробни. Затоа, примарно се манифестира како пневмонија, а сите други симптоми се секундарни, објаснува проф. Даниловски.

Тој објаснува дека кога  вирусот ќе влезе во горните респираторни патишта си има своја патогенеза, која зависи од почетната инфективна доза.

-Од самото тоа  зависи брзината на развојот на настаните, тогаш, никакви интервенции однадвор со ладење или греење, со дишење или недишење на ладен воздух, нема да помогнат. Затоа, ова објаснување ми изгледа многу наивно и е на многу ниско ниво на експликација. Никакви интервенции не можат да го сопрат напредувањето на вирусот. Мит е да мислите дека ако пиете топол чај, односно ако ви е жешка устата, ќе го убиете вирусот, објаснува проф. Даниловски.

Слични содржини