Епидемиологот д-р Драган Даниловски препорачува да не се воведуваат нови рестриктивни мерки, но да остане носењето маски во аптеки и автобуси, како и во сите затворени простории.
-Кај хронично болните секоја наредна инфекција го исцрпува организмот и стануваат склони да им се влошат присутните болести. Единствен начин да го избегнат тоа е да се вакцинираат и да носат маски. Останатите граѓани имаат избор дали ќе дозволат да се заразуваат и да го прифатат ризикот за пост-ковид синдром бидејќи до 3 од 10 добиваат такви синдроми или да се вакцинираат. Тоа е државен избор. Државата веќе не може да биде дадилка на поединци, вели Даниловски.
Според него, новата варијанта на Ковид-19 ќе ја полни статистиката, додека не прегори.
-Тоа се очекува во наредните денови, пикот би требало да биде за 7-8 дена. Во септември би требало да стивнат бројките и да се збогуваме со летниот бран, дециден е д-р Даниловски во изјава за Тв 24.